Кога ќе зовријат страстите на женска кошарка (Видео)

Дуелот меѓу Јединство и Орлови во женската кошаркарска лига на Босна и Херцеговина се најде во фокусот по тепачката која се случи во третата четвртина.

По еден дуел за подобра позиција, две кошаркарки започнаа да се тепаат, а потоа се вклучија и останатите. На крајот, судиите исклучија две кошаркарки, а една доби неспортска грешка.

Од кошаркарски аспект, Орлови победија лесно со 95:63 и останаа перфектни со 10 победи во исто толку мечеви, додека Јединство сезонава има само една победа во седум средби.

- Оглас -

Најнови вести