Кога Мбапе игра вака, на ПСЖ не му треба Нејмар (Видео)

Со два гола и една асистенција, Килијан Мбапе беше клучна фигура во екипата на Пари Сен Жермен на подготвителниот меч против Динамо Дрезден. Мбапе беше расположен и одбраната на Германците немаше решение за него.

ПСЖ го доби мечот со 6-1, а Мбапе беше повлечен од игра во 64-тата минута. Светците за кои дебитираа шпанските засилувања Пабло Сарабија и Андер Ерера до 71-вата минута дадоа шест гола, а потоа му дозволија на противникот да даде почесен гол. Следна проверка на формата ПСЖ ќе има во Кина, а таму со тимот во вторник ќе отпатува и Нејмар, кој би требало да игра на 27 јули против Интер. Ако не сака да игра, Нејмар повторно ќе биде казнет. Доколку не биде продаден до 4 август, Нејмар ќе треба да се појави и на Суперкупот против Ремс. Денеска се појави информација дека Барселона ги понудила Кутињо, Дембеле и 40 милиони за Нејмар, но ПСЖ ја одбил понудата.

Погледнете ги мајсториите на Мбапе во првите 45 минути од средбата со дрезденски Динамо:

https://www.youtube.com/watch?v=lyAipRKc1EE

- Оглас -

Најнови вести