5.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Кога меѓу себе играат Каталонците, се знае, ќе има голеада

5634 Ал Хилал – Ал Вахда (19.15 часот)

Во овој дуел од азиската Лига на шампиони, кој ќе се игра во Ријад, фаворит за победа е најдобриот тим од Саудиска Арабија. Ал-Хилал е лидер на табелата во групата наречена Запад, каде што се арапски тимови со 19 бода од можни 21, но и Ал-Вахда, кој е тим од ОАЕ и во кој најпознато име е Србинот Душан Тадиќ, има обезбедено осминафинале. Кај Ал-Хилал ќе го нема мегазасилувањето Карим Бензема, кој нема право да игра до крајот на оваа лигашка фаза, но и без него се јаки.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.00)

 

1130 Маклсфилд – Брентфорд (20.30 часот)

Ова е претпоследниот меч од 16-финалето на ФА купот. Маклсфилд игра во петтата англиска лига по ранг, но тоа не треба да ве залаже и да мислите дека Брентфорд  сигурно ќе победи затоа што во претходното коло пред малку повеќе од еден месец, Маклсфилд го шокира и го елиминира премиерлигашот Кристал палас, кој лани го освои ФА купот. Овие два клуба последен пат се сретнале во 2009 година, кога беа во третата лига.

Предлог тип: ГГ (1.87)

 

3610 Каљари – Лече (20.45 часот)

Лече е долниот дел на табелата, се бори за опстанок, најнеефикасен тим се во Серија А, но минатото коло победија и покажаа дека ќе се борат за секој бод. На Каљари минатото коло му заврши серијата од три победи по ред. Тимот од Сардинија засега е безбеден, има седум бода повеќе од Лече и Фиорентина. Каљари е многу поефикасен тим од Лече, но има и повеќе примени голови. Минатата сезона беше 4-1, а есеноска во Лече, Каљари победи соо 2-1.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

1308 Жирона – Барселона (21.00 часот)

Жирона е во битка за опстанок во Ла Лига, а Барселона се бори за титула, па малиот каталонски тим веројатно на друг меч ќе треба да бара бодови. Жирона веќе не е тимот од кој се плашеа сите пред две-три години. Барса со победа би се вратила на прво место на табелата, реми не им одговара. Рафиња се враќа и тоа е добра вест за Барселона, која треба да покаже дека го заборавила катастрофалниот пораз од Атлетико во Купот. Последните пет дуели на овие екипи беа со голови на двете страни и секогаш имаше победник.

Предлог тип: 2 & ГГ (2.22)

 

1020 Ковентри – Мидлсборо (21.00 часот)

Ова е дерби во англискиот Чемпионшип и дуел на два тима кои можеби следната сезона ќе ги гледаме во Премиер лигата. Ковентри е втор, а Мидлсборо прв на табелата. Во многу подобра форма се гостите, кои имаат шест победи по ред, а Ковентри е во криза, освои само еден бод во последните три кола. Ковентри е најефикасен тим, има просек од два гола по меч и ако победи, ќе избие на првото место. Традицијата е на страната на Ковентри (Мидлсборо нема победа на последните девет соочувања), а победи и во ноември, во првиот меѓусебен дуел сезонава.

Предлог тип:& 2+ (1.71)

- Оглас -

Најнови вести