Кога Меси дава ваков гол, делува дека е многу лесно (Видео)

Лионел Меси даде гол за водство на Пари Сен Жермен од 3-0 по првото полувреме против Бриж. На другиот меч од оваа група, Лајпциг води со 1-0 против Манчестер сити, и ако вака завршат мечевите, германскиот тим ќе оди во Лига Европа. На Лајпциг му одговара и нерешено, бидејќи Бриж тешко дека ќе направи пресврт за победа во Париз.

Меси даде гол на секој од своите први три меча за ПСЖ играни во Париз. Вакво нешто во клупската историја на ПСЖ, пред Меси имаат направено само уште Џорџ Веа во 1994 и Нејмар во 2017 година.

https://twitter.com/i/status/1468285504584093697

- Оглас -

Најнови вести