23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Кога Меси ќе престане да игра, ќе го фрлам телевизорот затоа што нема да има што да гледам

Некогашниот италијански репрезентативец Кристијан Виери беше воодушевен од играта на Лионел Меси на дуелот на Барселона против Јувентус во Торино. Каталонскиот гигант без многу проблеми победи со 2:0, а Меси погоди од пенал. Виери вели дека Меси е магионичар и дека нема друг фудбалер како Аргентинецот.

Популарниот Бобо дури изјави дека кога Меси ќе ја заврши кариерата, не планира да гледа фудбал.

„Лео Меси е фудбалскиот Хари Потер. Во оној момент кога тој ќе престане да игра, ќе ги фрлам сите мои телевизори и ќе се префрлам на гледањe Netfliх затоа што веќе нема да има што да гледам“, вели Виери.

- Оглас -

Најнови вести