Кога му е тешко на Роналдо, тука е Барселона

Кристијано Роналдо на пат од Португалија кон Италија направи пауза во Шпанија, но не во Мадрид, туку во Барселона. Играчот кој девет години беше главен ривал на каталонскиот гигант, сега е во Барселона, и тоа да побара консултација за повредата која ја здоби на мускулот на ногата.

Ѕвездата на Јувентус се повреди на мечот меѓу Португалија и Србија и мораше предвреме да го напушти теренот. Лекарите предвидуваат дека треба да паузира барем две недели, а Роналдо се надева дека ќе биде подготвен за мечот против Ајакс во Амстердам, во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Тој сигурно ќе пропушти три средби на Јувентус во Серија А (Емполи, Калјари и Милан), но тоа не е толку страшно ако се знае дека гигантот од Торино е убедлив лидер во Серија А и речиси сигурно ќе го одбрани тронот. За да биде сигурен дека ќе биде подготвен за средбата против Ајакс, Роналдо денеска е во Барселона на консултации со лекари кои се стручни за таков вид повреди.

- Оглас -

Најнови вести