18.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Кога на менито е најголемото дерби во светот, прогнозерите се посебно мотвирани да погодат

Новото коло на Спортска прогноза ќе донесе големи предизвици за сите играчи во обидот да стигнат до главната премија, а тоа е мобилен телефон „ајфон 12“. Викендов се игра најголемото дерби во светот, популарното Ел Класико. Реал во Мадрид е домаќин на Барселона во момент кога Кралскиот клуб има дури 15 бодови повеќе од вечниот ривал.

Реал победи на последните четири лигашки дуели во Ел Класико, па очекувано е и сега на „Сантијаго Бернабеу“ да ја има фаворитската улога. Сепак, кога се работи за вакви мечеви, никогаш предвреме не се знае, па тоа е дополнителен предизвик за прогнозерите.

Освен дербито во Мадрид, во недела ќе се игра уште едно големо дерби. Градската пресметка на Рома и Лацио секогаш е привлечна, а овојпат дополнителен мотив за двата тима ќе биде затоа што се „бркаат“ и на табелата. Лацио има 49 бодови и е на петтото место, а Рома е веднаш зад него со еден бод помалку.

Секако, во ова коло има уште 11 интересни дуели кои треба да ги погодите и со евентуална Среќна 13-ка да станете добитник на „ајфон 12“ или пак доколку имате едно или две промашени, да добиете вредносни ваучери во Sport Life од по 1.000 или 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести