Кога најдобриот ќе утне слободно фрлање, нема историско финале (Видео)

Пати Милс игра извонреден турнир во Кина, но и покарј блескавите партии на Мундијалот, тој е трагичарот на Австралија.

Кенгурите пропуштија зицер за историско финале на Светските првенства, а утката на Милс на 4,7 секунди до крајот на регуларниот дел во полуфиналето со Шпанија долго ќе ја паметат.

Милс при негатива на својата репрезентација од 70:71, имаше две слободни фрлања за победа, но го погоди само првото. Потоа утна, иако е исклучително добар изведувач на слободни фрлања.

https://twitter.com/FIBAWC/status/1172450424588079104?s=20

Потоа се играше продолжение од пет минути и повторно беше нерешено, а Метју Делаведова го имаше последниот шут, повторно за победа на Кенгурите, но овојпат од тешка и неизградена ситуација, па се играа уште 300 секунди ново продолжение.

И како што обично се случува по толку пропуштени шанси, а Австралија само како податок прокоцка и 14 поени предност во регуларниот дел, Шпанија казни и победи со 95:88.

Црвената фурија ќе игра финале, а Австралија и покрај блескавата игра на Милс и неговите 34 поени, најмногу на мечот ќе игра за бронза. И тоа е историски успех за нив бидејќи за првпат ќе имаат можност да се закитат со бронза, а го чекаат поразениот од второто полуфинале меѓу Аргентина и Франција.

- Оглас -

Најнови вести