Во моментот кога Наполи против Салернитана даде гол кој можеше да значи освојување на титулата во италијанската Серија А, во градот Неапол бил измерен потрес со сила како земјотрес од 2 степени по Рихтеровата скала.
Цел град се тресел од скокањето и викањето на фановите на стадионот и низ цел град, а тој гол подоцна се покажа како недоволен за титулата да се освои во неделата, па сега Наполи треба да чека до среда или четврток за обезбедување на Скудетото.