Барселона ќе остане лидер во Примера дивисион, откако без поголеми проблеми со 4:1 славеше против Алавес на „Камп Ноу“. Каталонскиот гигант брзо го заборави ремито без голови во Ел Класико против Реал Мадрид и повторно беше голгетерски расположен.
Напаѓачкото трио Лионел Меси, Луис Суарес и Антоан Гризман имаа свое шоу. Гризман погоди за 1:0, Меси даде еврогол за 3:1, а Суарес го потврди триумфот од пенал. Во листата на стрелци кај домаќините се запиша и Артуро Видал.