Кога не можат напаѓачите, можат бековите на Атлетико да донесат победа

Атлетико Мадрид лесно ја запиша 11-тата победа во шпанскиот шампионат, откако со 3-0 славеа на гостувањето кај Уеска. Тимот кој го води Диего Симеоне до триумф стигна откако водечките погодоци ги постигнаа бековите Лукас Ернандес и Сантијаго Аријас.

Левиот француски бек во 31-та минута ја отвори средбата, а гостите во второто полувреме ја завршија работата, Аријас во 52-ра минута зголеми на 2-0, додека Коке ги реши сите дилеми 20 минути пред крајот на мечот.

Атлетико го искористи поразот на Севилја од Реал Мадрид (2-0), да се одлепи од Андалужаните и да создаде пет бода разлика, додека заостануваат два бода зад лидерот Барселона која има еден меч помалку. Атлетико воедно го запиша 18-от последователен меч на кој остануваат непоразени, откако последен пат негативен резултат забележаа во групната фаза од Лигата на шампионите против Б. Дортмунд (4-0) кон крајот на октомри 2018-та година.

- Оглас -

Најнови вести