Кога не може Клоп, тогаш Ханси Флик останува селектор до Евро 2024

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханси Флик, ќе остане на оваа функција сè до завршување на Европското првенство во 2024 година, пишува „Спорт1“.

Германскиот медиум тврди дека членовите на извршниот одбор на Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) и покрај дабаклот на СП во Катар, сè уште имаат доверба во Флик, а доверба во селекторот имаат и репрезентативците.

Германските медиуми изминатите денови пишуваа дека Јирген Клоп, и желбата на челниците на ДФБ во тренерот на Ливерпул, порача дека нема намера предвреме да го раскине договорот со премиерлигашот.

Флик седна на селекторското столче на Германија минатата година наследувајќи го Јоаким Лев и потпиша договор со ДФБ до завршување на ЕП 2024.

Германија на првиот голем настан со Флик како селектор, Светското првенство во Катар, доживеа дебакл освојувајќи го третото место во групата Е.

- Оглас -

Најнови вести