Кога не може во сала, добро е и маалско игралиште – МЗТ Скопје почна со тренинзи на отворено (Фото)

Кошаркарите на МЗТ Скопје тренираа на отворено, на едно од игралиштата за баскет во Аеродром, во услови кога поради пандемијата со корона-вирусот не се дозволени активности во сала.

Паузата е долга, трае повеќе од два месеци па популарните Штркови одлучија малку да се размрдаат и да тренираат на необично место и во интересни услови.

Тренинзите се само за да се почне да се враќа полека формата за сезоната што претстои, откако тековната и дефинитивно со одлука на Управниот одбор на Кошаркарската федерација е завршена, без да се прогласи шампион.

Аеродромци најавија ќе ја оспорат одлуката на Федерацијата, а веќе тргнаа и во битка за смена на Перо Антиќ. Сметаат дека одлуката на УО е незаконска откако беа лидери до прекинот на домашното првенство.

МЗТ требаше да игра и плејоф за влез во АБА-лигата, но и тоа е неизвесно, дали ќе се одигра фајналфор турнирот во Задар, што би требало да одлучи која екипа ќе игра во највисок ранг на натпревари во Јадранската лига.

 

- Оглас -

Најнови вести