Бразилците го победија Катар со 2-0, со головите на Ришарлисон и Габриел Жезус, но им се повреди Нејмар, кој дефинитивно нема да може да настапи на Копа Америка. Првенството на Јужна Америка почнува на 14 јуни, а најскапиот играч на светот се здоби со сериозна повреда која го спречува да им помогне на своите сонародници.
Нејмар во 20-тата минута ги скина лигаментите на глуждот на десната нога, по што беше пренесен на клупата, а потоа со солзи во очите и со помош од медицинскиот персонал мораше да замине во соблекувална.
Ова е само уште една од низата негативни работи кои му се случуваат на Нејмар годинава. Тој имаше тешка повреда и додека играше за ПСЖ, па го пропушти осминафиналето од Лигата на шампионите, а неодамна една девојка го обвини дека ја силувал, поради што фудбалерот е во тешка психичка состојба, па дури и да не се повредеше, можеби немаше да биде во тимот за Копа Америка.
https://twitter.com/i/status/1136485659206701056