Кога нема дресови, добри се и маските – Баерн продаде над 100.000 маски

Акцијата на продажба на маски која ја организира Баерн Минхен, клубот објави дека е повеќе од успешна. Баварците се пофалија дека откако на продажба преку официјалниот клупски сајт ги ставија маските Баерн, биле продадени над 100.000 маски за само 24 часа.

Фановите масовно ги купуваат црвено-белите маски, а бидејќи побарувачката е огромна, времето на испорака е малку подолго од вообичаено. Профитот од продажбата на маските ќе се донира за помош на хуманитарната кампања на Џошуа Кимих и Леон Горецка, под името „Да ја шутнеме короната“.

- Оглас -

Најнови вести