Кога нема кој, тука е капитенот Де Роси

Рома со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Сампдорија во мечот од 31-то коло во Серија А. Фудбалерите на Клаудио Раниери се соочија со тежок предизвик, против екипа која доминираше во поголемиот дел од мечот, но сепак „римската волчица“ успеа да ги украде трите бода.

За триумфот „виновник“ беше капитенот Даниеле Де Роси, искусниот играч за врска во спорна ситуација ја затресе мрежата на домаќините во 75-тата минута.

Рома со оваа победа дојде до шестото место на табелата со 51 бод, исто толку има и петтпопласираната Аталанта, додека Сампдорија ќе остане деветта со 45 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести