Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина денес му врачи отказ за Фарук Хаџибегиќ и ќе бара нов селектор за продолжението од квалификациите за Европското првенство во 2024-тата година.
Босна и Херцеговина на последниот натпревар доживеа срамен пораз на домашен терен од Луксембург со 0-2, а тоа ја прели чашата кај раководството на сојузот и Хаџибегиќ си заминува од клупата на БиХ после само четири натпревари.
Логичен потег на раководството на НФСБИХ, бидејќи кога нема резултати прв што си заминува е селекторот.
Босна и Херцеговина има само три бодови, откако на првиот натпревар го победи Исланд на домашен терен со 3-0. Следуваа порази од Словачка (0-2) и Португалија (0-3), двете на гостински терен, а најголемиот шок го доживеаја кога во вторникот загубија од Луксембург дома со 0-2.