Понте Прета загуби на свој терен од Фигуренсе со 1:3, но домаќините беа многу незадоволни од судењето. Иако имаа два гола негатива, Понте Прета во 92-рата минута даде гол, но судиите не го признаа. Во една многу чудна ситуација, голманот на гостите успеа да ја извади топката од голот, и тоа преку мрежата.
Во ситуација каде што нема ВАР-систем, залудни беа протестите на домашните фудбалери.