Кога нема ВАР, во Лигата на шампиони има и вакви „кражби“ (Видео)

Динамо Брест со 2:1 го победи Сараево и се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Белорускиот тим беше фаворит пред мечот, но гостите покажаа квалитет и само поради една огромна судиска грешка беа елиминирани.

При резултат 2:1 за домаќините, Сараево постигна гол, но тој погодок беше поништен поради офсајд. Од повторената снимка сепак се гледа дека Ахметовиќ, кој беше стрелец на погодокот, е во дозволена позиција и дека речиси еден метар пред него има играч на домашниот тим.

Сепак, поради фактот дека на средбите од квалификациите не се користи ВАР-технологијата, судиите немаа можност да гледаат повторена снимка и да видат дека направиле огромна грешка, па Сараево е елиминиран од ЛШ. Спорната ситуација од мечот може да ја видите на 45-тата секунда од видеоклипот.

 

- Оглас -

Најнови вести