25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Кога овие клубови први ќе дадат гол, слободно може да очекувате и на крајот да победат

Меѓународниот центар за спортско истражување (ЦИЕС) спроведе истражување во кое се опфатени сите резултати од првенствата во периодот од пет години и ги најде клубовите кои се најсигурни кога први ќе дадат гол. Според пресметките, српскиот првак Црвена ѕвезда е светски лидер во категоријата на клуб кој прв ќе даде гол и на крајот да стигне до победата.

Во 135 првенствени меча кои Црвена ѕвезда прва дала гол, во периодот од 2015 до 2019 година, најтрофејниот тим во Србија победил дури 130 пати. Тоа е неверојатен процент од 96,3 отсто успешност на победи на Црвено-белите кога први постигнале погодок.

Партизан на двапати успеал да стигне до бод против вечниот ривал кога губеле со 1:0. И Чукарички двапати успеал да ја сопре Црвена ѕвезда по негатива од 1:0. Чукарички има една победа од 3:2, а еднаш ремизирал 2:2. Раднички на дуел во Ниш губеше од фаворитот со 0:1, но на крајот стигна до 1:1.

На оваа листа на екипи со најдобар процент на победи кога повеле со 1:0 има место и за Шериф од Молдавија (94,1 отсто), Албрекс Нигата од Малезија (93,3 отсто), па потоа следуваат Дуделанж, Динамо Загреб, Ал-Ахед од Либан, Жалгирис, Бенфика, БАТЕ Борисов и Олимпијакос.

Од големите европски клубови Пари Сен Жермен има 89,9 отсто победи на мечевите на кои Светците први ќе дадат гол (124 победи во 138 меча). По ПСЖ, следуваат Барселона со 88,5 отсто (116 победи во 131 меч) и Манчестер сити со 87,1 отсто (115 победи од 132 средби).

- Оглас -

Најнови вести