Бреша денеска го слави враќањето во италијанската Серија А. Клубот кој во минатото беше дел од фудбалската елита во Италија си обезбеди сигурен пласман во Серија А, по победата над Асколи од 1-0. На стадионот „Марио Ригамонти“ единствениот гол беше постигнат во 36-тата минута, а тоа беше доволно за Бреша да ги освои посакуваните три бода.
Бреша се враќа во Серија А за првпат по сезоната 2010/11. Овој тим беше во трка со Палермо, кој денеска одигра нерешено против Специја, па со победата на свој терен Бреша, како и Лече се сигурни патници во елитното друштво.