Кога потпишуваше за Реал го повика целото соседство, а сега на само 33 години објави крај на кариерата (Фото)

Асиер Иљараменди денес објави дека ја завршува својата играчка кариера како фудбалер на Реал Сосиедад. Баскиецот своевремено важеше за еден од најперспективните фудбалери од средината на теренот, но големиот број на повреди си го направија своето.

Тој во 2013-тата година потпиша договор со Реал Мадрид, а ќе остане запаметен по тоа дека при потпишувањето на договорот ги повика сите соседи. По игрите на теренот во дресот на “кралскиот“ клуб нема да го паметат кој знае колку, бидејќи за две ипол сезони на “Сантијаго Бернабе“ беше стартер на само 20 натпревари.

Иљараменди денес на прес-конференција со Сан Себастијан го објави завршувањето на кариерата и причините за тоа.

– “На спортски план се чувствував прилично добро, иако не се истакнав премногу во првиот дел од сезоната и беше тешко. Тоа беше тешка, тешка и тажна одлука, јас сум тука многу години и ова е мојот дом, не е лесно да се збогувам. Би сакал да уживам уште неколку години овде, но мојот крај дојде, време е да се разделиме.“

- Оглас -

Најнови вести