Саудискиот Ал-Наср обезбеди пласман во полуфиналето на Арапскиот куп на шампиони, откако во четвртфиналето со 3:1 го совлада мароканскиот Ража Казабланка.
https://twitter.com/i/status/1688224823409848325
Дилемите околу победникот беа решени во првото полувреме во кое беа постигнати сите четири гола.
Ronaldooooooooooooooooooooo pic.twitter.com/myqUqMkedt
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) August 6, 2023
Гол серијата ја отвори Кристијано Роналдо во 19-та минута, а десет минути подоцна Ал-Ганам зголеми на 2:0, а во 38-та минута, Фофана погоди за 3:0.
Name: Sultan
Role: multitasking pic.twitter.com/azau7Ptxxa— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) August 6, 2023
И четвртиот гол на мечот го постигна играч на Ал-Наср, но Маду ја погоди сопствената мрежа во 41-та минута.
https://twitter.com/i/status/1688218820442218496
Ал-Наср во полуфиналето на Арапскиот куп на шампионите ќе игра против ирачкиот Ал-Шорта кој во четвртфиналето со 4:2 го совлада Ал-Сад.