За време на вчерашниот натпревар на Ал Наср, мегаѕвездата Кристијано Роналдо, даде гол, а после еден непрецизно изведен слободен удар, успеа и да нокаутира камерман кој снимаше од зад голот.
Роналдо испрати бомба во близина на левата статива, топката продолжи да лета кон атлетската патека и го погоди во глава снимателот кој ја контролира камерата кран. Човекот не знаеше што го снашло, се тетеравеше неколку секунди, а Кристијано не ни забележа дека го погоди камерманот.
https://twitter.com/i/status/1703108699550609556