Свирежите од противничките навивачи и поддршката од своите им прават поголем притисок на фудбалерите, па така во Бундеслигата, бројот на утнати пенали откако сезоната продолжи без публика се зголеми.
Марк Ут, и тоа двапати, Цубер, Нидерлехнер и Рашица се играчите кои не реализираа пенали во последниот месец откако германскиот шампионат продолжи да се игра без публика. Од 15 изведени пенали, пет не беа реализани, што е една третина. Пред паузата, кога се играше со публика, имаше 38 пенали, од кои само 8 не беа претворени во гол. Значи, со публика реализацијата е 80 проценти, без публика е само 33,3 отсто.
Играњето без публика можеби им помага на голманите да слушнат што противниците се договараат пред изведувањето на пеналот и изведувачот какви инструкции добива. Не само во Германија, и во Италија имаше утнат пенал, и тоа од страна на фудбалерот кој има шутнато и погодено најмногу пенали од сите активни фудбалери. За Кристијано Роналдо пеналот обично е зицер, тој немаше згрешено при изведувањето пенал во дресот на Јуве, но и тоа му се случи без публика во дуелот со Милан во полуфиналето на Купот.