Како што се ближи крајот на сезоната во најсилните европски лиги, така и добивките на голови стануваат сè почести. Една од најпопуларните игри во Sport Life му донесе на играч од Струга, добивка од 87.615 денари, само со уплата од 150 денари.
ТРИ СРЕДБИ, ГОЛЕМА СРЕЌА, ОДЛИЧНИ КВОТИ И УБАВА ДОБИВКА
Сите три средби беа од саботниот вечерен термин, а две се од играта ГГ&3+ во првото полувреме. Односно потребно е да има најмалку три погодоци во првите 45 минути, а во текот на целата средба, двата тима да имаат дадено по еден гол.
Монако беше огромен фаворит против Брест, но имаше сензационална негатива до 44-та минута од 0:2, но со голот од пенал на Висан Бен Једер, домаќините намалија а подоцна и победија, со што беше заокружена квота од 5.90.
Но, дека понекогаш е потребна среќа за ваквите тикети говори и средбата меѓу Волунтари и ФЦСБ, каде што се бараше двата тима да дадат по најмалку еден гол во првиот дел. Резултатот до 44-та минута беше 0:0, а гостите најпрвин поведоа со 0:1 со голот на Андреи Кордеа. Израмнувањето дојде во 45+2 минута и тоа преку Адам Немец, со што испадна добитна квотата од 8.25.
Ништо помалку драматично беше и на средбата меѓу Легањес и Еибар, каде што исто така беше потребна среќата. До судиското продолжение од првиот дел резултатот беше 0:2, а се бараше играта ГГ&3+ во првото полувреме.
А голот за домаќините беше даден во 45+3 минута од судиското продолжение, со што можеше да започне радоста за овој мајстор на обложувањето.
ТЕТОВЧАНИ ЗНААТ КАКО НАЈДОБРО СЕ КОМБИНИРА ЗА „СТОТЧЕ“
Во Тетово, пак, редовни се огромните добивки и тоа само со 100 денари уплата, а еден наш верен играч овојпат си заработи 42.561 денар, играјќи само фиксови.
И покрај тоа што имаше девет средби, само на еден имаше голема неизвесност, а тоа беше меѓу Еиленбург и Херта 2, каде што се чекаше победа на гостите.
Таа дојде со гол во 93-та минута, и радост за вториот тим на Бундеслигашот кој славеше со 3:2.
КОМБИНИРАНА „ДЕСЕТКА“ КОЈА ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД НАД 1.500 ЕВРА
Кој си знае ѝ е сигурен во тоа што го игра, ќе си уплати 400 денари и на 10 комбинирани натпревари ќе си добие над 1.500 евра, односно 96.527 денари.
Сите средби се од неделата, а мајсторот за обложување се одлучил да игра на посигурната варијанта. На средбата меѓу Милан и Аталанта бараше домаќинот да не загуби, но и да има од нула до три погодоци.
Додека, исто така се одлучи да бара и ГГ на средбата меѓу Кадиз и Реал Мадрид, а тоа веќе му беше заокружено по првото полувреме.
Најнеизвесно беше на средбата меѓу Олимпија Љубљана и Мура, меч кој што заврши 3:3, а се бараше домаќинот да не загуби, како и двата тима да дадат по еден гол.
Израмнувачкиот гол за домаќините беше постигнат во 88-та минута.