Кога си дете и ти се игра баскет ни автограм од Мајкл Џордан не е важен (Видео)

Расел Вестбрук како 10-годишно момче бил член на еден од кошаркарските кампови што ги организираше славниот Мајкл Џордан, а раскажува како останал без планираниот автограм од најдобриот играч на сите времиња.

Кампот се оджувал во Санта Барбара, бил присутен и популарниот Ем-Џеј и делел автограми на сите деца што биле присутни, но страста за кошарка го оставила Вестбрук без вреден спомен.

„Требаше при крајот на кампот да чекаме во ред за да добиеме потпис од Мајкл Џордан. Јас истовремено играв меч и тренерот постојано ме потсетуваше дека ќе задоцнам. Ајде побрзо ќе задоцниш за фотографија и автограм од Мајкл Џордан. Тоа не се пропушта. Само кусо му одговорив дека поважно ми е да го доиграм натпреварот“, раскажува бекот на Хјустот рокитс.

Популарниот Рас добил и топка од родителите со план на неа да добие и автограм од Џордан, но Вестбрук воопшто и не застанал во редот со неговите врсници во кампот во Санта Барбара за да има спомен од легендарниот кошаркарски ас.

 

- Оглас -

Најнови вести