Обложувачки мајстор со уплатен тикет во Гевгелија покажа како може само со пет погодени натпревари да се заработи голема сума пари. Тикетот кој е уплатен во неделата со минимални 20 денари, е погоден на бруто-добивка од 310.205 денари.
Одиграни се мечеви од топ-лигите во Европа, а стратегијата било да се одигра на полувреме-крај во комбинација со бројот на погодоци. Манчестер јунајтед победи на гостувањето кај Лидс со 2:0, а двата погодока беа постигнати во второто полувреме, па одлична беше комбинацијата Х-2&2-4 со квота девет.
Атлетико Мадрид со гол на Мемфис Депај во 89-тата минута стигна до триумф од 1:0 на гости кај Селта во Виго. Еден гол ѝ беше доволен и на Барселона за победа на гости кај Вилјареал. Педри беше прецизен во првото полурвеме, а тука добитната комбинација е 2&0-3.
Најдраматично беше на дербито во Португалија, во кое Порто како гостин со 2:1 го победи Спортинг во Лисабон. На полувреме беше 0:0, а Порто поведе со гол во 60-тата минута. За да биде добитен тикетот, Порто мораше да постигне барем уште еден гол, а тоа се случи во 94-тата минута за 2:0, а Спортинг потоа постигна почесен погодок за 1:2.
Најголем погоден коефициент е на дуелот Лион – Ленс, каде што е погодена квота од 10.7. На полувреме беше 1:1, а Лион во второто полувреме погоди вторпат за триумф од 2:1 и погодена комбинација Х-1&2-4, па на крајот вкупнит погоден коефициент на тикетот е феноменален и изнесува 15.510.