Рајо Валјекано ноќта ќе ја помине на врвот на табелата во Ла Лига, по остварениот гостински триумф од 2-0 над Еспањол. Столе Димитриевски одново ја сочува мрежата, па во првите две кола не знае за примен гол против каталонските екипи, откако минатиот викенд брилјираше против големата Барселона во ремито без голови на „Камп ноу“.
Клубот на Столе запиша победа на каква што чекаше од септември 2014 година. Имено, Рајо вечерва првпат по осум години славеше победа на гости во која постигна барем два, а не прими ниеден гол. Инаку, ова е само втор гостински триумф за Рајо во Ла Лига од последните 15, во кои бележи учинок од 8 ремија и пет порази.
2 – Rayo Vallecano have won two of their last 15 away @LaLigaEN games in which they scored 2+ goals (D8 L5). This is the first time they won such a game keeping also a clean sheet in the competition since September 2014 against Levante (0-2). Surprise. pic.twitter.com/SG57mkLq16
— OptaJose (@OptaJose) August 19, 2022