Кога тим на Мурињо игра на пенали, се знае – тој тим губи!

Жозе Мурињо веројатно мрази кога негов тим ќе одигра нерешено на некој елиминациски натпревар, па за пласман понатаму треба да се одлучува со изведување пенали. Португалскиот стручњак има многу негатива статистика и традиција со пенал-сериите. Од девет пенал-рулети во кои учествувале негови тимови, дури во осум тимот на Мурињо бил губитник.

Специјалниот особено лош скор имаше додека го водеше Челзи. Сините од Лондон во времето кога ги водел Мурињо испаѓале на пенали од Чарлтон во Лига купот, од Ливерпул во Лигата на шампионите, од Манчестер јунајтед во Комјунити шилд, подоцна од Баерн во Суперкупот на Европа и Стоук во Лига купот.

Со Манчестер јунајтед загуби на пенали од Дерби каунти во Лига купот, со Реал Мадрид од Баерн во Лигата на шампионите и синоќа со Тотенхем од Норвич во ФА купот.

Единствен случај кога тим предводен од Мурињо победил на пенали бил Интер во Суперкупот на Италија против Рома.

- Оглас -

Најнови вести