Кога удира „Кинг Конг“, нокаутира и со удар во тело (Видео)

Кубанскиот боксер во тешка категорија, Луис „Кинг Конг“ Ортис, во Лос Анџелес го нокаутираше Американецот Александер Флорес после само 46 секунди борба во првата рунда, и тоа со удар во телото.

Ортис кој има 41 година, немаше боксувано официјален меч уште од ноември 2019 година, кога беше нокаутиран од Дионте Вајлдер. Тоа му беше втор пораз во кариерата. Флорес сега има три порази, а синоќа не можеше да продолжи откако доби удар во страничниот дел на телото.

https://www.youtube.com/watch?v=A6FtNTY785A

- Оглас -

Најнови вести