За помалку од 24 часа откако беа познати новите парови, повеќе од 600 прогнозери ги дале своите типувања во 22-рото коло на Спортска прогноза. Тоа што е карактеристично е дека прогнозерите веќе издвоија пет-шест натпревари на кои има фаворит за освојување на трите бода.
Јувентус ја пречекува Рома, но тоа не треба да е дерби ако се знае дека над 85 отсто од досегашните прогонози се дека ќе победи актуелниот италијански првак. Леванте во минатото коло го победи Реал во Мадрид, па затоа сега над 80 отсто веруваат дека тимот на Енис Барди без проблем ќе слави и против Гранада.
Манчестер јунајтед синоќа го понижи Саутхемптон и славеше со 9:0, а следен гостин на „Олд Трафорд“ ќе биде Евертон. Речиси 80 отсто од прогнозерите очекуваат нова победа на Црвените ѓаволи. Сличен е процентот за „кец“ и на Ница против Анже, а над 80 шанси добива Лидс на свој терен против Кристал палас. Над 60 отсто веруваа и дека Удинезе ќе се радува против Верона, па тоа се шесте средби на кои засега се издвоија фаворити.
Главна цел во секое коло на Спортска прогноза е погодување на Среќна 13-ка, што е предуслов за добивање на главната премија, а тоа е мобилен телефон „ајфон 11“. Во секое коло има подароци и за оние кои имаат 12 и 11 погодоци. Со 12-ка следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ка е доволно за ваучер од 500 денари.
Секое коло е приказна за себе, па ако и досега не сте биле дел од Спортска прогноза, може да се вклучите и сега. Потребно е само да имате Sport Life картичка и преку вашиот профил БЕСПЛАТНО да ги дадете вашите прогнози, а со тоа да бидете во трка за освојување на вредните подароци.