Мароко ќе биде еден од домаќините на Светското првенство во 2030 година, но еден фудбалски терен во оваа африканска земја го воодушеви светот. Сред пустината на југоистокот од земјата никна земјен фудбалски терен, кој е комплетно функционален, а на него локалците играат фудбал.
Снимката од теренот го обиколи светот, а дел од навивачите се шегуваа и побараа и тука да се играат натпреварите од Светското првенство.