Им беше пред очи и не го купија, сега е прв стрелец во ЛШ и го бараат како замена за Левандовски и Халанд

Себастијан Халер е прв стрелец во Лигата на шампионите и веднаш го привлече вниманието на големите клубови, па за 27-годишниот играч на Ајакс се заинтересирани Борусија Дортмунд и Баерн.

Прва опција за Баерн сепак е германскиот репрезентативец Карим Адејеми, кој е помлад, но и трансфер на Халер е во комбинација. Баварците за секој случај се подготвуваат за заминување на кралот на стрелците Роберт Левандовски, кој ја освои Златната копачка за ланската сезона.

Борусија има сличен проблем и се подготвува за заминување на Ерлинг Халанд, што речиси сигурно ќе се случи во еден од двата следни преодни рокови.

Халер, според Милионерите, би бил добра замена за Халанд, а интересно е што и Борусија и Баерн можеа да го купат играчот на Ајакс за околу 20 милиони евра бидејќи ги познаваа неговите квалитети од настапите во Бундеслигата за Ајнтрахт Франкфурт.

Халер летово се пресели од Франкфурт во Амстердам, а Ајакс плати 22,5 милиони евра, што им е рекорд во клупската историја. Со пет гола репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска е прв стрелец по две кола во Лигата на шампионите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести