25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Кои се децата на Ливерпул? Го имаат новиот Ван Дајк, а капитенот веќе влезе во историјата на клубот

Со ваква младина, Ливерпул не треба да се грижи за својата иднина. Ова без проблем може да се констатира по синоќешниот меч на англискиот гигант и победата над третолигашот Шрусбери во 16-финалето на ФА купот.

Ливерпул победи само со 1:0 и за многумина тоа би било чудно бидејќи третолигашкиот ривал дал таков отпор. Сепак, ако се знае дека боите на Ливерпул ги бранеа младинците, а не играчите од првиот тим, победата добива на значење.

Гигантот на „Енфилд роуд“ настапи со играчи од младинската селекција, а просечната возраст на првиот тим беше 19 години и 102 дена. АНа теренот кај домаќините имаше само четворица играчи кои се родени пред 2000 година. Иако против себе имаа искусна екипа, децата на Ливерпул покажаа дека го имаат победничкиот менталитет пренесен од постарите и успеаја да ги израдуваат навивачите кои речиси до последно место го исполнија стадионот.

ГО ИМААТ НОВИОТ ВАН ДАЈК, А КРИЛАТА ЛЕТААТ ПО ДВЕТЕ СТРАНИ 

За многумина играчите на Ливерпул беа целосно непознати бидејќи поголем дел од нив немале можност да се промовираат на големата сцена. Во младинскиот тим на Ливерпул има неколку фудбалери кои имаат потенцијал да стигнат до врвно ниво.

Во одбраната главниот збор го има Сеп ван ден Берг. Тоа е 18-годишно момче од Холандија, кој во Ливерпул дојде на инсистирање на Јирген Клоп, а за него се интересираше и Баерн Минхен. Ван ден Берг синоќа го одигра дури третиот меч во сениорскиот состав за Ливерпул и на импресивен начин ја командаше одбраната. Некои коментираат дека тинејџерот треба да биде наследник на неговиот многу попознат сонрадорник Вирџил ван Дајк.

Најдобар играч на Ливерпул синоќа беше Неко Вилијамс. И тој има само 18 години, а игра како десен бек. Многу потсетува на играта на Трент Александер-Арнолд затоа што често знае да направи продор по страничната позиција. Од него може да се очекува да биде повикан во сениорскиот тим дури и во текот на оваа сезона. На левата страна истата улога како Вилијамс ја има Адам Луис.

Педро Кривела е еден од најискусните во младинскиот состав. Шпанецот има 22 години и само поради фантастичните играчи кои се во првиот тим на Ливерпул, уште нема добиено можност да биде дел од сениорите. Конентарите за овој играч се дека доколку носи дрес на друг тим, веќе ќе беше дел од Премиер лигата.

ОПАСЕН НАПАЃАЧКИ ТАНДЕМ И НОВ НАЈМЛАД КАПИТЕН

Англиските стручњаци посебно ги потенцираат двајцата играчи кои беа во нападот на Ливерпул. Куртис Џонс и Харви Елиот се во напаѓачкиот тандем кој покажа голем потенцијал.

Џонс даде гол против Евертон во Лига купот со кој беше елиминиран градскиот ривал, а 16-годишниот Елиот е една од најголемите надежи на англискиот фудбал. Елиот е прогласен за најголема надеж на англискиот фудбал за играчи до 18 години. Интересно е што двајцата тинејџери заедно имаат години колку што има капитенот на Шрусбери, Дејвис Едвард (35).

Џонс синоќа ја носеше капитенската лента и со тоа стана најмладиот капитен во историјата на Ливеруп. Се покажа како вистински лидер на тимот, а со својата храброст, но и техниката веќе ги доби симпатиите кај навивачите. Посебно воодушеви со неговиот потег покрај корнер-знаменцето, кога успеа низ нозете да му ја протне топката на противникот.

https://youtu.be/u7pcne5aZ2Q

Ливерпул сега ги има ѕвездите Салах, Мане, Фирмино и останатите, но синоќа се виде дека англискиот гигант има и млади надежи за во иднина кои треба да бидат двигател на сениорската екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести