Кои се двете европски селекции со најдобар напад во светот?

Нови возбудувања на репрезентативната фудбалска сцена ќе започнат вечерва и ќе траат во следните неколку дена. Се играат мечеви од квалификациите за Европското првенство 2020 година. Фаворитите очекуваат лесни победи, но оние селекции кои веруваат дека може да изненадат и да бидат дел од завршницата на континенталниот собир, си имаат свои планови.

Од сите европски селекции, интересно е прашањето, која го има најдобриот напад. Изборот падна на две селекции. Франција и Португалија. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, има слатки маки да го состави тимот во напаѓачкиот дел бидејќи на располагање има играчи од калибарот на Мбапе, Гриезман, Дембеле, Бен Једер, Жиру, Паје… Сите овие се играчи кои со еден потег може да го решат мечот.

Зад Франција не заостанува многу ниту европскиот првак Португалија. Предводени од капитенот Кристијано Роналдо, Португалија покажува дека има и некои други ѕвезди. Ако на Ронадо му се приклучат Бернардо Силва од Манчестер сити, Хоао Феликс од Атлетико Мадрид и Бруно Фернандеш од Спортинг, тогаш се добива несопирлив напад.

Во последните две сезони, овие четворица играчи заедно имаат дадено 147 погодоци и 72 асистенции, во домашните натпреварувања и европските купови.

Франција на 7 септември на свој терен игра против Албанија, додека Португалија истиот ден ќе има многу потешка задача. Кристијано Роналдо и другарите ќе гостуваат кај Србија.

 

- Оглас -

Најнови вести