Реал Мадрид го исфрли актуелниот победник на Лигата на шампионите, Манчестер сити, по изведувањето на пеналите, но таткото и синот Анчелоти откриваат дека не било се толку лесно при составувањето на списокот со играчи кои ќе шутираат.
„Четири-пет минути пред крајот почнувате да мислите на пеналите. Во глава ги имам петтемина кои треба да шутираат. Џуд Белингам е добар изведувач, како и Лукас Васкес. Лука Модриќ шутира пенали, Начо има големо искуство, а Антонио Ридигер има мад*ња. Напишав пет имиња и му ги покажав на Карло. Нешто променивме, но на крајот излезе одлично“, рече Давиде Анчелоти, син и помошник-тренер на Карло.
Но, Анчелоти постариот открива и дека некои фудбалери не сакале да преземат одговорност и да шутираат.
„Играчите имаа самодоверба и многумина сакаа да шутираат. Единствено Едер Милитао рече дека голманот Едерсон премногу добро го познава, а Валверде рече дека е заморен. Тој требаше да биде петтиот изведувач“, вели Карло Анчелоти.