13.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Кои се најдобрите 11 играчи кои Мурињо ги тренирал?

Жозе Мурињо повеќе од една и пол деценија е на врвот од светскиот фудбал. Португалецот се прослави откако со Порто стана европски првак во 2004 година, а потоа седеше на клупите на славните европски клубови Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и сега е во Тотенхем.

Во моменти кога фудбалот е „замрзнат“ поради пандемијата од Коронавирусот, Мурињо реши да го состави дрим-тимот од фудбалери кои поминале под неговата тренерска палка. Интересно е што Мурињо од Интер го одбра само капитенот Хавиер Занети, иако со Нераѕурите во 2010 година направи феноменална сезона и стана италијански и европски првак. Дел од тој состав на Интер беше и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.

Во тимот на Мурињо нема ниту еден играч од Манчестер јунајтед, ниту од Тотенхем, а доминираат фудбалерите на Реал Мадрид и Челзи.

Ова е дрим тимот на Жозе Мурињо: Чех, Занети, Тери, Карвалјо, Галас, Макелеле, Лампард, Озил, Азар, Дрогба и Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести