Најновото истражување на ЦИЕС и фудбалскиот истражувачки алгоритам, се состави листата на фудбалери кои имаат најголема вредност во моментов. Интересно е што во Топ 5 ги нема ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо. Аргентинецот е на седмото место, а Роналдо е рангиран дури на 19-тата позиција.
На прво место на листата е Килјан Мбапе. Французинот од редовите на Пари Сен Жермен се проценува на вредност од речиси 220 милиони евра. Зад Мбапе е Хари Кејн со 200 милиони евра, а Нејмар вреди 197 милиони евра. Рахим Стерлинг со 185 милиони евра е на четвртото место, а Мохамед Салах со еден милион помалку е зад Англичанецот.
Двајцата играчи кои доминираат во изминативе 10-тина години, Меси и Роналдо, ги нема при врвот на листата. Меси се наоѓа на седмото место со вредност од 171 милиони евра, додека Роналдо е дури на 19-тата позиција. Напаѓачот на Јувентус има вредност од 127 милиони евра.
Листата на 100 највредни фудбалери во свет може да ја погледнете ТУКА.