Со одигрување на синоќешните три реванш-дуели од плејофот, се дознаа последните три екипи кои ќе бидат дел од групната фаза во Лигата на шампионите. Вкупно 15 земји ќе имаат барем по еден свој преставник во елитното натпреварување на УЕФА. Шпанија е рекордер со пет екипи благодарение на триумфот на Севиља во Лигата на Европа, додека по четири преставника ќе имаат Италија, Англија и Германија.
Во 18 часот, во Монако ќе започне ждрепката која треба да ги даде осумте групи со по четири екипи во Лигата на шампионите. Според правилата, екипи од иста земја не може да бидат во иста група, но и покрај тоа, можно е да има неколку пеколни групи, но можно е да се случи и да има лесна и неатрактивна група.
Од групите кои може ждрепката да ги „режира“ како пеколни и најатрактивни ги издвојуваме: Баерн Минхен, Реал Мадрид, Милан, Њукасл или евентуално група во која би биле: Барселона, Манчестер јунајтед, Лацио и Селтик.
Покрај пеколните групи, можно е да има и многу неатрактивна, односно група која не би наликувала на ЛШ. Феенорд, кој пред две сезони играше во Конференциската лига, сега е во првиот барабан каде што се најдобрите екипи, па холандскиот тим би можело да биде носител на група во која би играле и Порто, Копенхаген и Антверпен.
Секако, ова се само предвидувања за можни групи, а вистинските групи од ЛШ ќе бидат познати попладнево.
🚨 Official: 2023-24 Champions League pots.
The draw, tomorrow. 👀 pic.twitter.com/O9NJoEIEEN
— Madrid Xtra (@MadridXtra) August 30, 2023

