28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Кои се шесте потенцијални противници на Македонија во баражот за СП?

Кога денеска би биле завршени квалификациите за фудбалското СП 2022, македонската репрезентација би учествувала во бараж и би имала шест потенцијални противници во полуфиналето. Патот до Мундијалот во Катар е прилично долг и ќе треба да се добијат два меча за да се стигне на СП.

Во баражите, во март следната година ќе има 12 репрезентации, а од нив само три ќе се најдат на СП. Десет тима ќе влезат во бараж преку квалификациите, а два според најдобар рејтинг во Лигата на нациите. Шест тима ќе бидат носители при ждрепката и тие ќе бидат домаќини во полуфиналето, кое ќе се игра само на еден меч на 24 или 25 март 2022.

Во моментов шесте носители би биле: Србија, Шведска, Хрватска, Швајцарија, Шкотска и Полска. Ова може да се смени во последното коло, но, секако, Македонија би имала тешка задача да победи на гости кај некоја од овие селекции. Чешка, Норвешка и Украина се другите три тима кои во моментов се со помал број бодови и би гостувале во полуфиналето, додека преку Лигата на нациите би биле Велс и Австрија.

Како и да е, прво да го победиме Исланд, па потоа ќе чекаме исход од ждрепката за да дознаеме кои ќе ни бидат последни две пречки на патот до СП.

- Оглас -

Најнови вести