Кои се следните ривали на македонската репрезентација и датумите за дуели со нив?

Победата над Чиле ја однесе Македонија во главната фаза на Светското првенство во ракомет, а таму на нашите репрезентативци им претстојат три дуели со најдобрите три селекции од групата Х, тоа се Русија, Белорусија и Словенија.

Вечерва меѓусебе играат Словенија и Белорусија, по што ќе се знае точно на кој датум Македонија против кого ќе игра. Во таа група Русија или Белорусија (ако победи со барем пет гола разлика против Словенија) ќе го освои првото место, а во Претседателскиот куп оди најслабата Јужна Кореја.

За четата на селекторот Данило Брестовац, утре е ден за одмор и подготовка за следниот предизвик, а тоа е дуел од Групата 4 веќе в среда (20 јануари) против Белорусите или Словенците, но теоретски можеби и против Русија. Потоа в петок на 22 јануари играме со Русија или Белорусија, додека в недела на 24-ти јануари, меч против третопласираната репрезентација од групата Х, а тоа ќе биде Белорусија или Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести