Кои се трите гиганти кои засега не се приклучија во Суперлигата, а се планира да бидат дел од најмоќните 15!?

Дури 12 од најбогатите и најмоќните фудбалски клубови во Европа ноќеска потпишаа договор според кој фудбалот ќе добие ново поглавје. Се формираше нова Суперлига, во која засега се вклучија 12 европски гиганти, и тоа: Манчестер јунајтед, Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал, Тотенхем од Англија, шпанските Реал и Атлетко Мадрид, Барселона, и од Италија Јувентус, Интер и Милан.

Според планот, Супeрлигата треба да има 15 редовни учесници, додека останатите пет тима од најдобрите 5 лиги во Европа ќе се одредуваат според успехот во домашното првенство од тековната сезона. Од оние клубови за кои има покана, но засега уште не потпишале договор за соработка со Суперлигата се: германските гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, како и актуелниот француски првак ПСЖ.

Воопшто покана за настап во оваа Суперлига нема за великани како што се: Ајакс, кој четири пати бил европски првак, Селтик, кој еднаш бил на кровот на Европа, како и португалските гиганти Порто и Бенфика, кои исто така се радувале на најважниот клупски трофеј на Стартиот Континент.

„Голем дел од европските земји никогаш нема да имаат шанса да ги видат фудбалерите како Мбапе, Меси, Роналдо или Бензема. Никако нема да имат шанси големите фудбалски ѕвезди да заиграат во земји како Австрија, Швајцарија, Бугарија или Кипар“, пишува во дел од својата анализа шпанската „Марка“, која се прашува и што ќе биде со клубовите како Севилја, Рома, Марсеј, Наполи, кои се борат за место во елитното друштво, а всушност предвреме се исфрлени од елитата.

За тоа како ќе изгледа новата фудбалска Суперлига, која треба да ја сруши Лигата на шампиони, прочитајте ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести