Кои тимови од ЛШ вечерва немаат право на грешка?

Лигата на шампионите во фудбал вечерва се враќа на голема врата. На менито е почетокот на третото коло, а веќе почнуваат калкулациите и математиките кој ќе дојде на чекор од пласман во осминафиналето и кој не смее да киксне бидејќи може да остане без место меѓу 16-те најдобри.

Ако се фокусирате на тимовите кои едноставно немаат право на кикс и мора да ги освојат трите бода, можете да се обидете и да направите тикет и да уплатите во Sport Life со прогнози во полза на фаворитите кои се во незгодна позиција по првите две кола.

РЕАЛ И ТОТЕНХЕМ ЌЕ СЕ СПАСУВААТ, АТЛЕТИКО И ЈУВЕ СЕ БОРАТ ЗА ПРВО МЕСТО

Најдрастичен пример на тим кој мора да освои најмалку бод, а по можност сите три, е 13-кратниот европски првак Реал Мадрид. Шпанците во групата А беа прегазени од ПСЖ на стартот, а киксираа дома против Бриж. Сега во Истанбул против Галатасарај, сè освен победа ќе биде сметано за дебакл. Ако Реал загуби, осминафиналето ќе му биде навистина далеку и не е исклучено Зинедин Зидан да биде сменет од тренерската функција.

Во групата Б, Тотенхем ја пречекува Црвена ѕвезда и едноставно мора да триумфира. Лондонските Петли имаат само еден бод и мора да победат против гостите кои имаат три и за да го престигнат Олимпијакос, кој нема многу шанси на гостувањето кај Баерн Минхен, кој е како ранет лав по ремито со Аугсбург.

Мора да победи и Аталанта, но тоа делува како невозможна мисија ако се знае дека гостува кај Манчестер сити. Италијанците губеа од Динамо Загреб и Шахтар, па нереално е да се вадат против англискиот првак. Затоа, пак, Украинците ако сакаат да се наметнат како фаворити за второто место, треба да ги победат Аријан Адеми и другарите. Ако останат непоразени на ова гостување, Хрватите со право може да се надеваат и на осминафинале.

Останува уште групата Д, во која Атлетико Мадрид и Јувентус со победи ќе се одлепат на првите две места и во преостанатите две кола ќе водат мртва трка за првата позиција.

ПРЕДЛОГ ТИКЕТОТ БИ ИЗГЛЕДАЛ ВАКА:

Галатасарај – Реал Мадрид 2

Тотенхем – Ц. Ѕвезда 1

Шахтар – Динамо З. 1

Атлетико М. – Баер Л. 1

Јувентус – Локомотив 1

Вкупната квота за овие пет парови е 8,47.

- Оглас -

Најнови вести