Манчестер јунајтед благодарение на погодокот од пенал на Кристијано Роналдо славеше над Норич со 1:0.
Португалецот погоди во 75-та минута и донесе важни три бода за Манчестер јунајтед, но, интересно е штов о денешните средби, на сите најдобри англиски клубови им беа досудени пенали, по кои што на крајот остварија победа.
Манчестер сити триумфираше со голот на Стерлинг од 11 метри против Вулверхемптон.
Мохамед Салах беше реализатор на најстрогата казна за Ливерпул над Астон Вила во победата од 1:0.
За Челзи, пак, дури два пати беа досудени пенали и тие ги погоди Жоржињо за 3:2.
Ние се прашуваме дали ова е чиста коинциденција или пак нешто друго е во прашање?
Ronaldo goal vs Norwich (0-1) #mufc pic.twitter.com/ueU0cQDU3C
— United Goals ⚽️ (@UnitedGoals__) December 11, 2021