Кој чека ќе дочека, прашајте ги во Ливерпул, тие најдобро знаат

За многу работи велат дека треба да се биде упорен и да не се откажувате ако сакате да ги остварите. Тоа најдобро го знаат во Ливерпул откако изминатава недела, по цели 30 години чекање, успеаја да стигнат до толку посакуваната титула во англиското првенство.

Цели три децении на „Енфилд роуд“ немаше донесено шампионски трофеј наменет за најдобриот тим во домашното првенство. Сезонава тимот на Јирген Клоп играше феноменално и сосема заслужено е доминантен со над 20 бода пред второпласираниот Манчестер сити. Не само што Ливерпул е шампион, туку тоа што го направи овој клуб не му успеало на никој друг претходно во Премиер лигата.

На седум кола до крајот, трката за трофејот е завршена, нешто што никогаш претходно не се случило. А малку фалеше Ливерпул да не го дочека пехарот. Поради пандемијата со корона-вирусот, англиското првенство три месеци беше во прекин, а доколку беше решено да не се доиграат мечевите, трофејот ќе останеше само пуста желба. Пред осум години, контроверзниот Марио Балотели рече дека „ќе дојде крајот на светот, пред Ливерпул да стане шампион“.

Малку фалеше овој саркастичен коментар на Балотели да стане реалност. Пандемијата од корона-вирусот дефинитивно го наруши целиот свет, но по три месеци, Ливерпул сепак успеа да стане шампион и да не дојде крајот на светот, како што велеше Балотели.

Освен Ливерпул, на титула се радуваа и во Баерн Минхен, но за разлика од англискиот клуб, на „Алијанц аренате“ е сосема нормално да се креваат трофеите. Останува неизвесно само уште во Италија и Шпанија. Јувентус е во пол-позиција да ја продолжи доминацијата во Серија А, а Реал мечтае да ја симне Барселона од тронот.

Иако фудбалот во Македонија не продолжи во ерата на корона-вирусот, сепак и кај нас беше прогласен шампион. Вардар, кој имаше двоцифрена предност пред конкурентите , заслужено стигна до титулата. Иако се шампиони, Црвено-црните сепак нема да излезат во Европа откако не добија лиценца. Во една таква ситуација, најмногу ќари Силекс. Тимот од Кратово, „ни крив ни должен“, ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе заработи огромна сума од настапите.

Од обложувачки аспект, немало побогато лето за типување на мечеви од клупски карактер. Цело лето ќе биде „жешко“ затоа што билтенот е полн со многу интересни дуели кои решаваат за многу позиции. Затоа, дури и да не сте имале добитен тикет изминативе денови, немојте да се разочарувате и да се откажувате. Ливерпул цели 30 години не се откажа во трката за титулата, а вие доволно е да најдете неколку добитни натпревари за да бидете во ќар летово.

- Оглас -

Најнови вести