Кој чека ќе дочека, Рамос првпат стартер во ПСЖ, дали е ова „дрим-тимот“? (Фото)

Пари Сен Жермен на гостувањето кај Сент Етјен од 13 часот, за првпат во почетниот состав ги има најзвучните засилувања кои ги донесе летоска.

Меси, Донарума, Хакими и Серхио Рамос првпат ќе играат заедно на еден официјален меч. Првите тројца одиграа повеќе мечеви во дресот на Светците, но Шпанецот првпат ќе заигра и тоа како стартер.

Покрај Рамос, во централниот дефанзивен ред ќе бие Маркињос, а жртвуван е Кимпембе, кој ќе биде на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести