Кој да го сопре немилосрдниот Лева – Со хет-трик ги скроти и орлите од Франкфурт

Роберт Левандовски е незадржлив, а вечерва пред налетите на најдобриот играч на планетата за ланската сезона настрада и одбраната на Ајнтрахт Франкфурт.

Полскиот бомбардер постигна хет-трик за Баерн во победата од 5:0 против Ајнтрахт Франкфурт и повторно заседна на врвот на листата со најдобри стрелци.

Досега по пет кола постигна точно 10 гола и просекот му е извонреден по два погодоци на меч. Тој ги постигна првите три гола против Ајнтрахт, а во листата со стрелци се запишаa и Лирој Сане и Џамал Мусаила.

Победи забележаа и Лајпциг против Херта со 2:1 и Борусија Менхенгладбах против Мајнц со 3:2, а нерешено заврши мечот меѓу Унион Берлин и Фрајбург со резултат 1:1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести