Кој да знае дека Стерлинг пак ќе утне – Реакцијата на Карагер и Ричардс е хит (Видео)

Рахим Стерлинг го утна невозможното во 86. минута на мечот меѓу Манчестер сити и Лион, кога од само 3-4 метри ја промаши празната мрежа и ја испрати топката високо над голот, а доволно е да се погледне реакцијата на Џејми Карагер и на Мика Ричардс за да биде јасно што се случи во финишот на мечот.

Двајцата поранешни асови беа гости во студиото на Си-Би-Ес спортс како стручни аналитичари, а веќе почнаа да се радуваат во моментот кога топката дојде до Стерлинг. Сепак следуваше студен туш и за нив, а особено за репрезентативецот на Англија и за сите во таборот на Манчестер сити.

Jamie Carragher and Micah Richards reaction to Sterling’s miss (CBS Sports Network) from soccer

Многумина со право забележаа дека на Стерлинг не му е првпат да промаши ваков зицер, но сега утката беше кобна за амбициите на Манчестер сити, конечно да го надмине проклетството со елиминации во четвртфиналето, што им се случува третпат по ред.

https://twitter.com/RealistYahz/status/1294737579649138700?s=20

Промашувањето на Стерлинг се случи при резултат 1:2 за Лион во 86. минута, а веќе во следниот напад со вториот гол на мечот, Муса Дембеле стави точка на неизвесноста и печат на победата на францускиот тим од 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести