Фудбалските второлигаши денес ги играат натпреварите од последното првенствено коло. Разврската за пласман во повисок ранг веќе е завршена. Познато е дека Воска и Гостивар се нови прволигаши, а Вардар ќе игра во баражот за пласман во повисок ранг против локалниот ривал Скопје.
Затоа денес големи возбудувања не очекуваат во борбата за опстанок во првенството. Три екипи конкурираат за директен опстанок и за бараж. Најголеми шанси за спас во последен момент има екипата на Каменица Саса која гостува во Битола и потребно и е да освои само бод за директен опстанок во лигата.
Возбудувања ќе има во Врапчиште, каде екипата на Арсими на неутрален терен ќе го пречека двојниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тетекс, која оваа сезона игра во катастрофална форма, но после добрите резултати на последните неколку средби се врати блиску до опстанокот. И тука ситуацијата е јасна, на Тетекс му е потребна победа за да обезбеди најмалку бараж, но и да чека победа на Пелистер за директен опстанок. Доколку Тетекс не успее да победи, ќе го чека исходот од дуелот помеѓу Локомотива (Фортуна) и Беса.
На дуелот во скопски Синѓелиќ неопходна им е победа, но и кикс на конкурентите за да можат да се надеваат дека ќе стигнат барем до баражот за опстанок.
На останатите натпревари екипата на Воска се очекува да има лесна задача против последнопласираниот Борец и да го задржи првото место на табелата, со што ќе го освои пехарот за шампион во 2. лига.
Екипата на Гостивар гостува во Струга, кај Караорман, додека гостување денес го очекува и третопласираниот Вардар, во Гевгелија кај Кожуф.
На натпреварите кои немаат никакво значење, Детонит Плачковица ќе и биде домаќин на виничка Слога, додека Охрид ја пречекува Беласица.
Двојки – 17:00 часот:
Арсими – Тетекс
Борец – Воска
Детонит Плачковица – Слога (В)
Караорман – Гостивар
Кожуф – Вардар
Локомотива (Фортуна) – Беса
Охрид – Беласица
Пелистер – Каменица Саса
Табела: 1. Воска 72, 2. Гостивар 70, 3. Вардар 63, 4. Пелистер 57, 5. Беса 48, 6. Детонит Плачковица 47, 7. Арсими 40, 8. Охрид 38, 9. Беласица 35, 10. Караорман 34, 11. Кожуф 33, 12. Каменица Саса 30, 13. Тетекс 28, 14. Локомотива (Фортуна) 27, 15. Слога (В) 25, 16. Борец 2